Екипата на Барселона со победата над Пари Сен Жермен 6-1 ја анулираа негативата 4-0 од првиот меч и обезбедија пласман во четвртфиналето. Каталонците четвртфиналната виза ја чекираа длабоко во судиското продолжение со голот на Серхи Роберто. Стрелецот на голот не ги криеше емоциите после натпреварот. 


– На Ноу Камп имавме играч повеќе во името на нашата публика. Оваа победа им ја посветувам само нив, бидејќи само тие веруваа во нас. Бевме на работ од бездната после поразот во Париз, но оваа екипа го направи невозможното и испиша нова историја. Што се однесува за голот, ја испратив топката и реагирав онака како што треба. – рече Серхи Роберто.

Клубот од Ноу Камп е прв кој во нокаут фазата надополнува четири голови негатива од првиот натпревар.

– Во Париз се отиде по злото, но Ноу Камп ги исправивме сите грешки и постигнавме шест голови. Натпреварот се одвиваше како што посакувавме, голот на Кавани многу не поремети, но со два брзи голови се вративме во игра и после тоа нападнавме сите и вроди со плод. Знаевме дека не очекува невозможното, но јасно е дека во фудбалот се е можно. – истакна капитенот Андрес Иниеста.

ЛШ: Историја на Ноу Камп ! (видео)

ЛШ: Медиумите за подвигот на Барселона

OhridNews