На Барселона на Ноу Камп одновно ќе и треба неверојатен пресврт за пласман скалило погоре во Лигата на Шампионите, откако првиот меч во 1/4 финалето во Торино против Јувентус го изгуби со 3-0.


Каталонците на реваншот со ПСЖ надохнадија негатива од 4-0 победувајќи со 6-1, но „старата дама“ е далеку поквалитетен противник и поискусен во Европа за разлика од „светците“.

– Чувството после мечот со Јувентус не е лошо како поразот после ПСЖ во 1/8 финалето. Сепак, имаме голема негатива и пак ќе ни треба фудбалско чудо да поминиме понатаму. Ветувам дека на нашиот стадион ќе се бориме исто како претходно и ќе направиме се што е во наша моќ. – изјави Андрес Иниеста после натпреварот.

Италијаните комплетно доминираа на натпреварот и покажаа зрелост за крајната цел, односно освојувањето на титулата во Лигата на Шампиони која ја чекаат две децении.

OhridNews