Градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски оствари средба со Ајтекин Ајден, Програмски координатор за Република Македонија на Турската агенција за координација и соработка „ТИКА“. На средбата, што се одржа на иницијатива на родители на ученици во основното училиште „Братство и единство“, Ајнур Абдула, Фарије Реџеп и Емир Муфти, беше разговарано за можноста за изградба на нова училишна зграда на местото на стариот објект од ОУ „Братство-Единство“ на улицата „7-ми Ноември“.
Од страна на градоначалникот беа презентирани сите документи кои беа побарани од страна на претставниците на „ТИКА“ кои понатаму ќе бидат презентирани на повисоко ниво во оваа агенција.
Турската агенција за координација и соработка „ТИКА“ е дел од Претседателството на Владата на Република Турција, а во Република Македонија е присутна и функционира од 2005 година, со своја Канцеларија за програмска координација.
OhridNews













