Секоја година, на 3 Декември, светот го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ден посветен на подигнување на јавната свест, поттикнување инклузија и унапредување на правата и достоинството на сите лица со попреченост. Овој ден е потсетник дека целосното учество во општеството, еднаквите можности и достапноста се основни човекови права кои мора да бидат гарантирани секој ден, а не само симболично.

Годинава кон одбележувањето се приклучува и Здружението на инвалиди на трудот од Охрид и Дебрца, кое упати честитка до своите членови со порака за солидарност, поддршка и почит кон нивниот придонес во заедницата.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост останува важен потсетник дека инклузивното општество е одговорност на сите, а секој чекор кон еднаквост значи подобро и поправедно утре.

OhridNews
Фото: Freepik