На летната сцена на Центарот за култура “ Браќа Миладиновци” во Струга вечерва ќе се одржи премиера на театарската адаптација на романот “ Инсомниа” на авторот Димитрија Дурацоски. Изведбата е од страна на групата “ Везденски”, која важи за неформална група, формирана во јули 2009 во Струга.
Дејствува на полето на културата во контекст на особеностите на градот, а во релација со современите пристапи на уметноста. Везденски групата ја сочинуваат млади еминентни имиња, кои допрва треба да блеснат како уметнички потписи на македонската сцена.
Првата продукција на групата е драмскиот рецитал “Ајштајновите Сништа“–адаптација на делото на Ален Лајтман, одржана во јули 2009.
Поединците од групата, во Струга, постојано оставаат уметничко културни белези. Ова лето тие имаа свои индивидуални изложби, промоција на книги, се имплементираа нови креативни програми како вид настава за млади и креираа мрежи кои би помогнале во креирањето на едно покултурно читање на градот.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз...
Картите за 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знак на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор, во ограничен број, ќе бидат п...
Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св Наум, се одвиваше по една коловозна лента, информира Автомото сојузот ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.