Инспекцискиот совет по чија наредба изминатиот период се изврши координиран инспекцски надзор на струшкото крајбрежје, не утврдил неправилности на плажите и парцелите за кои постоеше сомневање дека се изведуваат нелегални активности.
Во моментот на надзорот, на конкретните парцели нема изведен објект и не се одвиваат подготвителни, ниту други градежни активности од поединци или групи. – стои во заклучокот на Инспекцискиот совет.
Урбанистичкиот инспектор од увидот во достапните урбанистички планови, утврдил дека во подготовка е изработка на нов ГУП и ќе најави дека ќе биде побарана потребната планска документација од надлежниот орган за одобрување на урбанистичка планска документација и по добивањето на истата и другите потребни информации, дополнително ќе се изјасни.
Во однос на уништувањето и палењето на трската, Инспекцискиот совет информираше дека издал налог за вонреден координиран инспекциски надзор за кој јавноста ќе биде дополнително известена.
OhridNews












