Премиерот Никола Груевски, денес информира за предлог Законот за инспекциски надзор,како што рече, закон кој предвидува подигнување на критериумите за работа на инспекторите .

– Со овој пред закон за прв пат во Република Македонија се основа една нова институција. Институцијата Инспексиски совет како посебно правно лице кое ќе се грижи за квалитетот  на работата на инспекциските служби и квалитетот на работата на секој инспектор поединечно. Согласно предложеното решение Инспекцискиот совет ќе се конституира во рок од 3 месеци од донесувањето на овој Закон, а законот ќе почне да се применува во рок од 6 месеци од неговото донесување, информира Груевски.

Инспекцискиот совет ќе биде составен од претседател и шест члена кои ќе покриваат различни области и тоа: еден член од областа на надзорот на пазар, работните односи и безбедноста на здравјето при работа,  еден член од областа на животната средина и заштита на здравјето на луѓето, еден член од областа на градежништвото, урбанизам, транспорт, еден член на инспекцискиот надзор од областа на земјоделството, шумарството, ветеринарството и безбедноста на храната, еден член од областа на образованието, науката и културата и еден член на инспекцискиот совет од областа на управата. Ќе има две постојани работни тела и тоа работно тело за утврдување  на ефикасноста и квалитетот на инспекциските служби, како и работно тело за образование,  усовршување и обука, како и ад хок работни тела согласно актуелните потреби на совети.

Новото правно тело за својата работа ќе ја известува владата четири пати годишно и по потреба.  Работата на овој совет ќе биде транспарентна и за јавноста, така што се предвидува еднаш месечно ова тело да одржува јавна седница, а ќе биде формирана и посебна веб страница и посебен телефон каде граѓаните ќе може да се информираат за работата на инспекциските служби.

Законот предвидува во иднина, инспекторите да се стекнуваат со посебна лиценца за инспектор. Се предвидува полагање на посебен компјутерски софтверски испит за инспектор, а полагањето на испитот ќе биде транспарентно, ќе се емитува во живо на веб страницата.Лиценцата за инспектор нема да биде доживотна, туку ќе има важност од 5 години. По истекот на важноста инспекторот ќе треба да ја обнови лиценцата. Освен тоа инспекторите ќе полагаат психоилошки тест како и тест за интегритет со кој ќе се проверува совесноста, чесноста и интегритетот на субјектот. Соодветно на тоа, инспекторите за својата работа ќе бидат наградувани или казнувани.