Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, ги промовира новите службени легитимации со кои во иднина ќе се легитимираат инспекторите за труд при вршење на инспекциски надзор. Новите документи се печатени на тврда хартија со светло сина боја и двоен повез од кожа во црна боја.

– Инспекторот за труд при вршење на инспекцискиот надзор е овластен во секое време на денот и ноќта да влезе во просториите на работодавачот без претходно најавување и без оглед на работното време. Тој е должен за своето присуство да го извести овластеното лице на работодавачот, доколку е присутно и да му покаже службена легитимација со која ќе го докаже својот идентитет и овластување, потенцира Ристовски.

Во текот на првите шест месеци од годинава инспекторите за труд извршиле вкупно 23.690 контроли од кои 17.095 од областа на работните односи и 6.595 од областа на безбедноста и здравјето при работа.

OhridNews