Како држава сме подготвени за претстојната зимска сезона, односно за врнежите од снег. Капацитети на државата за чистење снег воопшто не се за потценување и не се послаби во однос на регионот, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На координативната средба присуствуваа претставници од Управата хидрометеоролошки работи, Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, ЈП за државни патишта, ДЗС, МВР, Министерство за локална, земјоделство шумарство и водостопанство, ЈП Железници инфраструктура, АД Водостопанство, Црвен крст, како и претставник на АМСМ, ЗЕЛС, ЕВН, ЕСМ и АД МЕПСО.
Оваа година надлежните институции нема да бидат изненадени, бидејќи од она што можевме да го слушнеме од оваа средба капацитетоте на ЈП за државни патишта и ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се целосно подготвени. Бројот на камиони е доволен за територијата на државата, како и должината на патишта што ги имаме. Истовремено разговаравме во случај на потреба од стопирање на сообраќајот на некои критични точки, особено пре дпревоите во случај на паѓање снег МВР да испрати засилени екипи. Од страна на ДЗС на располагање имаме два тима со т.н. АТВ возила со гасеници, кои се оспосебени со опрема да стигнат до тешко пристапни терени, доколку е потребо да се пружи помош на загрозен граѓанин. Две такви возила има и Црвен крст, односно нивната спасителна служба во Охрид, посочи Ангелов, апелирајќи граѓаните да ги раздвојат фактите од вообичаените мислења кои може да се прочитаат на социјалните мрежи секоја година, дека снегот повторно ги изненади надлежните институции.

Безбедноста нека биде на прво место и доколку немаат потреба граѓаните нека не патуваат во услови кога имаме најава за врнежи на снег или снегот веќе започнува да врне. Без разлика на тоа што нашите институции се подготвени и камионите за чистење на снег веднаш ќе излезат на терен, при тоа имаат обезбедено и доволна количина сол, која ќе ја фрлаат на снегот и местата каде ќе има опасност од мрзнење на коловозните ленти, сепак тие неможат да исчистат колку што снег може да падне, односно додека напред го чистат снегот позади нив врне нов и нов снег кој дополнително може да ја загрози безбедноста на граѓаните. Доколку се појави ситуација некој граѓанин да остане заглавен на било која точка на државата може да се јави на 112, доколку има телефонска линија и да побара помош.

Н.С.Ј.












