Прекин на преговорите со Грција, враќање на уставното име Република Македонија и прием под истото во Обединетите нации се главните барања на 40-тина македонски интелектуалци и уметници, со документот наречен Македонски манифестот.

„Со референдум се манипулира. Референдум значи коцка, казино, а немате право да се коцкате со идентитетот.“ – изјави за македонските медиуми поетот Ефтим Клетников.
Потписниците на Манифестот барањата ги засноваат на тезата дека притисокот за промена на името може да се толкува како најнов вид на геноцид што е модерна измислица на Америка и Европската унија базирана на нелегалните барања на Грција. Потписниците велат дека Русија, Кина и Турција се опцијата на Македонија наместо НАТО и ЕУ, за кои сметаат дека се во криза и ќе се распаднат.
Инаку, иницијаторите на Манифестот ќе собираат потписи и ќе го достават до сите институции и меѓународни организации.
OhridNews












