Интензивни работни активности за изградба на трансформаторската станица Охрид
09.11.24 11:32
Интензивни градежни активности се вршат на градилиштето во близина на селото Мешеишта каде се гради новата 400/110 kV трансформаторска станица Охрид.
Стабилните временски услови овозможуваат компанијата изведувач да работи согласно планираниот динамички план. На површина од 80 000 метри квадратни се изведуваат потпорни ѕидови и наклони, се гради командната зграда на станицата, се работи на изведба на фундаменти за монтирање на челични носачи на опрема во 400 kV постројка, информираат од АД МЕПСО.
Членовите на Управниот Одбор на чело со генералниот директор Бурим Љатифи, ја потенцираа важноста на овој капитален инфраструктурен проект и за државата и за регионот бидејќи со инвестицирање во преносната мрежа градиме добрососедски односи и се поврзуваме со цел, поголем економски просперитет и повисок стандард за граѓаните. Со проектот се заокружува електроенергетското поврзување со сите наши соседи, се овозможува поголема сигурност, стабилност и доверливост на нашиот електроенергетски систем, но и вклучување во сите регионални иницијативи за размена на енергија како и учество на пазарите на балансните и системски услуги, велат од АД МЕПСО.
Проектот за интерконективно поврзување со соседна Р. Албанија е најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа. Опфаќа две компоненти а тоа се 400 kV далекувод ТС Битола 2 – албанска граница и изградба на ТС Охрид која ќе има 400 kV влез и излез, и три излеза на 110 kV ниво кон Охрид, Струга и Ресен.
Со цел поттикнување на еколошката свест, грижата за животната средина, инклузијата и создавањето подобра и поубава средина за учениците и заедницата денес во ООУ „Братство Единство“ Охрид се одржа ...
Утре, 3 октомври 2026 година, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, во се...
Македонскиот саксофонист и кларинетист Христијан Ристески го објави новиот видеоспот за „High Away“, последниот сингл пред неговиот дебитантски албум „Waters Dance“, кој официјално ќе биде објавен ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.