Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец крак Маврово–Дебар во 07:30 часот воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Гостивар–Кичево, преку планинскиот премин Стража во 09:00 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија пат.
Поради појава на магла од 100 – 150 метри намалена е видливоста на патните правци Битола – Прилеп, Битола – Демир Хисар, Битола – г.п. Меџитлија, до 50 метри на патните правци Куманово – Св. Николе и Велес – Градско и од 20 – 30 метри на патниот правец Берово – Виница.