Во моментов течат интензивни градежни активности од втората фаза за изградба на пешачката патека од каналот „Студеништа“ до хотелот „Парк“ кај Горица.

-Изминатиот месец охридските јавни претпријатија комплетно ја поставија целокупната комунална инфрастурктура за овој дел од патеката. Изведувачот веќе трета недела активно работи на поставување на гранитните плочки по целата должина на патеката. Должината на втората фаза од патеката е иста како и  на  првиот дел односно 210 метри. Во оваа втора фаза, патеката е широка 12 метри од кои 8  ќе претставуваат пешачка зона обложена со граннит, а по целата должина од двете страни по 1,65 метри е асфалтираниот дел кој е наменет за велосипедистите, информираат од општина Охрид.

Според предвиденото, во средината на пешачката патека, исто како и при првата фаза ќе бидат поставени украсни мермерни жардинерии коишто ќе бидат хортикултурно уредини. Во завршната фаза од  изградбата на овој дел, предвидено е поставување на светлосните канделабри и украсните чешми по должината на патеката.

OhridNews