Приоритет се дава на најфреквентните и критични улици. Со механизација се чистат улиците во стариот дел од градот „Илинденска“, кракот од Дрварата до Горна Порта и од Горна порта до новиот супермаркет Дон.Се расчистуваат и улиците и во населбата „Гоце Делчев“, а паралелно и градските улици.
Како што веќе информираа од ова јавно претпријатие, располагаат со сета потребна механизација,опрема, возила и абразивни средства со кои се делува на терен.