ЈП “Охридски Комуналец“ деновиве интензивно ги средува дрворедите и дел од тротоарите во градот. Ваквите активности се неопходни за подобрување на хортикултурното уредување на јавните површини и за подобрување на условите за движење на пешаците. Акцијата продолжува и натаму, а ќе се одвива кога временските услови ќе го дозволуваат тоа, информираат од јавното претпријатие.
Денеска со санациони активности беше опфатен дрворедот на ул.„Марко Цепенков“. Засадени се 60 нови садници од видот јасен, а планирано е да се засадат вкупно околу 200 садници на целата територија на општина Охрид. Во наредните денови ќе бидат реконструирани дрворедите по ул.„АСНОМ“ и во населба Даљан.