,,Малиот Плоштад” кој е лоциран на просторот кај поранешната библиотека, непосредно под ѕидините на ,,Долна порта” во Охрид, се уредува со интензивно темпо. Работниците кои се вклучени во изведба на градежните активности работеа и во текот на овој викенд.

Од Охридската локална самоуправа информираат дека постапката за подготовка на подлогата и тампонирањето на целокупната површина се завршени, а поставена е и електричната инсталација за подното осветлување и канделабрите.

-Деновиве се работи на  поставување  на  плочките од квалитетен камен со кои се обележуваат зраците од сонцето што треба да красат подот.  Нареден чекор ќе биде поставување на  гранитните плочи, велат од Општина Охрид.

Уредувањето на ,,Малиот Плоштад” е дел од  програмата на Секторот за урбанизам  при Општина Охрид.

OhridNews