Екипата на Интер го повлече првиот конкретен потег на трансфер пазарот обезбедувајќи го потписот на дефанзивецот Стефан де Фрај од тимот на Лацио.

Холанѓанецот на Џузепе Меаца стадионот ќе се пресели без оштета како слободен агент, бидејќи после завршување на оваа сезона му завршија обврските со римскиот клуб.

26-годишниот фудбалер во Лацио се пресели од Феенорд во 2014 година, а во четиригодишниот престој се афирмираше во холандски репрезентативец и квалитетен дефанзвивец.

На почетокот од трансфер периодот во Серија и Рома се засили доведувајќи го Анте Чориќ од Динамо Загреб.

OhridNews