Италијанскиот калчолигаш, Интер своите редови ги засили со репрезентативецот на „азурите“, Антонио Кандрева.
Фудбалерот кој може да игра на повеќе позиции на средината од теренот на Џузепе Меаца премина од тимот на Олимпико.
„Нероазурите“ за услугите на Кандрева на „лацијалите“ ќе му исплатат 22 милиони евра и уште 3 милиони во бонуси ако фудбалерот достигне одредени бројки.
Кандрева, вниманието кон себе го привлече со одличните настапи за Италија на Европското првенство кое на почетокот од летово се одржа во Франција.
OhridNews