Лучијано Спалети официјално стана прв шеф на струката во Интер, објави клубот од Милано на својата интернет страница.
Спалети, кој неодамна го заврши својот втор мандат во Рома, со Интер потпишал двегодишен договор.
Искусниот тренер во кариерата никогаш не освоил титула во Серија А, но има две во руската Премиер лига со екипата на Зенит. Во кариерата работел и во Венеција, Удинезе, Рома и Зенит.
Инаку, Спалети наредната сезона ќе биде трнерот со најмногу натпревари во Серија од сите тренери. Со крајот на оваа сезона тој собра вкупно 406 мечеви како тренер во елитната италијанска конкуренција.
OhridNews