Екипата на Интер го обели образот на фаворитите на стартот од Серија А победувајќи (1-0) со погодок во судиското продолжение против Аталанта пред своите гледачи.
Од тимовите кои конкурираат за титулата најлошо минаа Јувентус, Наполи и Милан кои претрпеа порази од Удинезе 1-0, Сасуоло 2-1 односно Фиорентина 2-0.
Македонското дерби во калчо лигата меѓу Александар Трајковски и Горан Пандев кои настапуваат за Палермо и Џенова заврши во корист на домаќинот со 1-0.
Резултати : Јувентус – Удинезе 0-1, Емполи – Киево 1-3, Фиорентина – Милан 2-0, Фросиноне – Торино 1-2, Интер – Аталанта 1-0, Палермо – Џенова 1-0, Сампдорија – Капри 5-2, Сасуоло – Наполи 2-1.
Мх.П.