Екипата на Интер ја засили одбраната, откако го комплетираше трансферот на Енрике Далбер од францускиот тим Ница.
„Нероазурите“ за 23-годишниот фудбалер на Ница и исплатија 30 милиони евра. Бразилскиот интернационалец потпиша петгодишен договор и на верност се обврза до 2022 година.
Левиот бек е вкупно шести фудбалер и најскап кој го засили Интер во летниот преоден рок.Претходно на клубот од Џузепе Меаца му пристапија Даниеле Падели, Факундо Колидио, Борха Валеро, Милан Шкринијар и Матијас Весино и новиот тренер Лучијано Спалети.
OhridNews