Италијанскиот калчолигаш Интер го потврди трансферот на хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ во тимот на Реал Мадрид.
Официјалната промоција на Хрватот на Сантијаго Бернабе е закажана за среда, a „кралевите“ за неговите услуги на Интер ќе платат 30 милиони евра плус бонуси.
Фудбалерот за врска беше голема желба на Ливерпул и Милан, но моќноста на Реал Мадрид на трансфер пазарот дојде до израз и „преку ноќ“ успеа да го обезбеди потписот на Ковачиќ.
– Жал ни е, но бевме принудени на ваков потег. Продажбата на Шаќири и Ковачиќ ќе ни помогне да се подобриме во иднина. Бевме на чекор од нарушување на финансискиот фер плеј што ќе не чинеше многу повеќе. – објасни Роберто Манчини тренерот на Интер.
Ohridnews