Италијанската Серија А во името на Интер доби нов лидер на табелата. „Нероазурите“ пред своите гледачи со убедливи 5-0 го совладаа Киево и го запоседнаа врвот во „калчо“ лигата.
Отпорот на гостите, домашните фудбалери го скршија во 23-та минута кога Иван Перишиќ го отвори резултатот. Во 38-та минута капитенот на Интер, Мауро Икарди зголеми на 2-0 и ги реши дилемите околу победникот.
Во вториот дел домаќините погодија уште три пати за сигурна и убедлива победа. На 3-0 зголеми Перишиќ со вториот гол на мечот, за 4-0 погоди Милан Скриниар, а конечните 5-0 ги постави Перишиќ кој го комплетираше хет трикот.
Во следната рунда серијата без пораз на Интер ќе биде на тест во Торино кај Јувентус во дербито на колото.
Резултати: Беневенто – Милан 2-2, Болоња – Каљари 1-1, Фиорентина – Сасуоло 3-0, Интер – Киево 5-0, Сампдорија – Лацио.
Табела: Интер 39, Наполи 38, Јувентус 37, Рома 34 (-1), Лацио 29…
OhridNews