Екипата на Интер сака максимално да го искористи интересот на Манчестер Јунајтед за ангажман на хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ.

„Црвените ѓаволи“ понудија 40 и 45 милиони евра, но „нероазурите“ ги одбија двете понуди и стави граница од 55 милиони евра, која англискиот премеирлигаш не сака да ја плати.

Манчестер Јунајтед вклучи и двајца фудбалери во трансферот Крис Смолинг и Матео Дармијан и плус финански средства, но и тоа го одби италијанскиот клуб.

„Нероазурите“ покрај богата финансиска понуда го посакуваат Ентони Марсијал, кој се уште го држи рекордот за најскап тинејџер во светскиот фудбал.

Франзцузинот не беше во најдобра форма минатата сезона, но има огромен потенцијал, а токму поради тоа „ѓаволите“ на Монако му испплатија 80 милиони евра.

OhridNews