Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара тешко ја поднесе елиминацијата на Интер во Лигата на Шампионите. „Нероазурите“ неочекувано одиграа само 1-1 на домашен терен против ПСВ Ајндховен и им приредија големо разочарување на навивачите. Една од нив беше старлетата Ванда Нара која не можеше да издржи и заплака.

Интер нема простор за тагување, бидејќи во Серија А ги чека голема борба за ТОП 4, а на пролет ќе играат во Лигата на Европа, каде што ќе имаат шанса за донесат нов европски трофеј во клупските витрини.

OhridNews