Дерби средбите во италијанската Серија А поминаа во знакот на домаќините откако Интер и Јувентус поуспешни беа од Рома (1-0) односно Торино (2-1).


„Нероазурите“ до водство стигнаа со голот на Медел во првиот дел, а предноста ја зачува Хандановиќ со неколку бравурозни интервенции.


Актуелниот првак во „калчо“ лигата, Јувентус со гол во судиското продолжение ги освои трите бодови во пресметката со градскиот ривал.

Резултати : Интер – Рома 1-0, Јувентус – Торино 2-1.

Табела : Интер 24, Рома 23, Наполи 21 (-1), Фиорентина 21 (-1), Сасуоло 18 (-1)…

Мх.П.