„Нероазурите“ повеќе од одлично ја започнаа новата сезона во Серија А победувајќи во досегашните четири натпревари. Интер со максимални 12 бодови е осамен на врвот на табелата со два поени пред второпласираниот Торино односно три од Фиорентина.


– Ова е само почеток, а сезоната е и тоа како долга. Пред нашиот клуб има долг пат за одење, но добро е што сега се наоѓаме на вистинскиот и нема потреба да лутаме. Од меч во меч ќе мора да напредуваме бидејќи и нашите ривали ќе сакаат да се надигруваат со нас, а без константен напредок ќе немаме можност тоа да го правиме. – рече потпреседателот на Интер, Хавиер Занети.

Еден од најдобрите играчи во историјата на Интер смета дека клубот има квалитетни играчи и тренер за враќање на шампионскиот пиедестал на кој последен пат се искачија 2010-11 година со Жозе Мурињо на клупата.

Ohridnews