Со минимален триумф (2-1) на домашен терен против Болоња фудбалерите на Интер ја стопираа низата од девет натпревари без победа во италијанската Серија А.

„Нероазурите“ до трите бодови стигнаа благодарание на голот на Јан Карамох кој за 2-1 погоди во 63-та минута. Претходно, Едер во 2-та минута го отвори резултатот, а бројките на семафорот ги изеедначи Родриго Паласио кој некогаш го носеше дресот на Интер.

Гостинскиот состав мечот на „Џузепе Меаца“ го заврши со девет фудбалери. Поради два жолти картони дуелот во 68-та минута го заврши Ибрахим Мбаје, а во судиското продолжение поцрвена Адам Масина.

Интер го прескокна Лацио на третата позиција кој синоќа изгуби од Наполи (4-1) во дербито на колото.

Резултати: Сасуоло – Каљари 0-0, Киево – Џенова 0-1, Интер – Болоња 2-1, Сампдорија – Верона 2-0, Торино – Удинезе 2-0, Рома – Беневенто.

OhridNews