Екипата на Интер на своја штета го раскина договорот со Фелипе Мело само Бразилецот да замине од Џузепе Меаца.
33-годишниот фудбалер во Интер пристигна од турски Галатасарај на почетокот од сезоната 2015 година.
Во година и пол Бразилецот со ништо не покажа дека заслужува да биде дел од „нероазурите“. Тој настапи на 31 натпревар и постигна само еден погодок.
Кариерата некогашниот член на Јувентус, Расинг Сантандер и Мајорка кариерата ќе ја продолжи во Палмеирас.
Иако просечен фудбалер Фелипе Мело може да се пофали со 22 одиграни натпревари во дресот на „кариоките“ во периодот од 2009 до 2010 година.
OhridNews