Италијанскиот калчолигаш Интер не ја прифати оставката од тренерот Стефано Пиоли која ја поднесе после поразот од Фиорентина 5-4.


„Нероазурите“ на мечот со „виолетовите“ на „Артемио Франки“ имаа водство 2-1 на полувремето, а во вториот дел несватливо примија четири погодоци и го загубија натпреварот, а претходно испуштија предност 2-0 на дербито со Милан.

Како што пренесуваат италијанските медиуми сегашниот тренер на Интер ја има поддршката од играчите што била клучна улога челниците на клубот да не ја прифатат неговата оставка.

Сепак, Пиоли најверојатно ќе добие свој наследник во летниот преоден рок, но се уште нема сериозни кандидати за преземање на кормилото во тимот од Џузепе Меаца.

OhridNews