Тимот пред банкрот и тотален колапс Парма успеа да извлече бод од гостувањето во Милано ремизирајќи 1-1 со Интер во 29-та рунда од Серија А.
Ремито против екипата на Парма, која се бори да преживее, а не да обезбеди опстанок во „Калчо лигата“ ја покажува лошата форма во тимот од „Џузепе Меаца“.
„Нероазурите“ поведоа со голот на Фреди Гуарин во 25-та минута, а голем бод за „млекарите“ донесе Енди Лила во финишот од првиот дел.
Резултати : Рома – Наполи 1-0, Аталанта – Торино 1-2, Каљари – Лацио 1-3, Џенова – Удинезе 1-1, Верона – Чезена 3-3, Интер – Парма 1-1, Палермо – Милан 1-2, Сасуоло – Киево 1-0, Фиорентина – Сампдорија, Јувентус – Емполи.
Мх.П.