Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо немаат намера да се откажат од желбата да го ангажираат хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ иако Интер не попушта.
„Нероазурите“ за услугите на Перишиќ имаат поставено цена од 55 милиони фунти, а досегашните понуди од „црвените ѓаволи“ достигнаа до 45 милиони фунти.
Во краток временски период се очекува двете страни да најдат заеднички јазик и да го официјализираат трансферот на Хрватот на островот.
Перишиќ со Интер има договор до 2020 година, а на Џузепе Меаца пристигна од Волфзбург 2015 година.
OhridNews