Челниците на Интер покажаа строгост и непопустливост казнувајќи го финансиски капитенот на екипата Мауро Икарди.

Офанзивецот и најдобриот играч на „нероазурите“ задоцни на првиот тренинг, а управата немаше милост и го казни со 100 000 евра. Икарди како образложение навел дека го пропуштил авионскиот лет, но веројатно тоа нема да му помогне.

Икарди и клубот водат преговори за продолжување на соработката, а може само да се претпостави дали казната поради прекршувањето на клупските правила ќе има некакво влијание.

Заинтересирани за услугите на Аргентинецот се Реал Мадрид и Челси. „Кралевите“ и „сините“ подготвени се да го одврзат ќесето за Икарди кој е еден од ретките комплетни голгетери на стариот континент.

OhridNews