Италијанскиот калчолигаш Интер најверојатно ќе почне потрага по нов тренер откако Роберто Манчини прифатил да седне на клупата од англиската репрезентацијата.


„Гордиот албион“ по елиминацијата во 1/8 финалето од Исланд на Европското првенство во Исланд остана без селектор откако Рој Хоџсон си поднесе оставка.

Како најсериозен кандидат за заменик на Манчини на Џузепе Меаца се споменува Франк де Бур кој минатата сезона беше на чело на холандскиот гигант Ајакс.

Манчини има добра репутација на островот откако на екипата од Етихад, Манчестер Сити успеа да му донесе титула во Премиер лигата прва во новата ера на клубот.

OhridNews