Клубот од Џузепе Меаца пак ќе менува на тренерската позиција, откако Франк де Бур не успеа да го извлече Интер од резултатската криза.


Прв фаворит на управата од Интер е францускиот стручњак Лоран Блан кој по заминување од Пари Сент Жермен е без ангажман.

Де Бур на тренерската позиција го смена Роберто Манчини кој лошо ја почна сезоната. Но, ниту Холанѓанецот не успеа резултатски да ја стабилизира екипата и најверојатно е пред раскин на договорот.

„Нероазурите“ во името на Блан гледаат стратег со шампионско педигре бидејќи ги предводеше „светците“ до титули во францускиот шампионат.

Интер, со три победи во девет натпревари во Серија А се наоѓа на 14-та позиција и уште на стартот отпадна во борбата за титулата, а можеби и за местата кои водат во Лигата на Шампиони следната сезона.

OhridNews