Поразот од Удинезе на „Џузепе Меаца“ стадионот нема да го поколеба Интер во походот кон титулата во италијанската Серија А. „Нероазурите“ во план имаат купување на три нови играчи кои ќе бидат голем плус за Лучијано Спалети во трката со Наполи, Јувентус и Рома.

Интер го посакува Хенрик Мхтиријан од Манчестер Јунајтед во своите редови. Ерменецот повеќе од месец дена не е во плановите на Жозе Мурињо и најверојатно тоа ќе резултира со продавање. „Нероазурите“ на „црвените ѓаволи“ ќе треба да му исплатат 35 милиони фунти, а има опција во трансферот да се вклучи Жоао Марио.

Втора цел на Интер во зимскиот преоден рок ќе биде Хавиер Пасторе од Пари Сент Жермен. Доаѓањето на Нејмар, Килијан М`бапе и уште неколку фудбалери го потиснаа на клупата Аргентинецот. И тој посакува враќање во Серија А, каде во дресот на Палермо покажа многу повеќе во однос на времето минато до сега во ПСЖ.

Триото нови фудбалери може да ги заокружи Алесандро Бастони кој во Аталанта настапува како позајме фудбалер од Интер. Со кратењето на позајмицата „нероазурите“ ќе го решат прашањето во одбраната и ќе заштедат финансиски средства за двете желби во зимскиот преоден рок.

OhridNews