Интер славеше минимална победа 1-0 над Милан во 184-то градско дерби кое се одигра во третата рунда од Серија А.
„Росонерите“ за нијанса беа подобар противник од „нероазурите“ во дербито, но Фреди Гуарин по еден соло продор погоди и го реши дербито во корист на „домаќините“.
По триумфот над градскиот ривал, Интер изби на чело на табелата со девет победи додека Милан со три освоени поени се наоѓа на средината од табелата.
Ohridnews












