Лидерот на табелата во Серија А, Интер се извлече од голем срам и рана елиминација во Купот на Италија. „Нероазурите“ после изведувањето на пеналите го совладаа третолигашот Порденоне (5-4) во осминафиналето, откако регуларните деведесет минути и продолженијата завршија без голови 0-0.

Порденоне оддолеа на сите напади во текот на 120-те миунити од Интер на „Џузепе Меаца“ и за момент ги освои срцата на неутралните љубители на фудбалот.

На почетокот од пенал рулетот водство имаше Интер, па Порденоне, но после пет пенали немаше победник. Серијата се одлучи после седмиот пенал кој гостите го промашија, а Интер го реализираше за четвртфинален билет.

„Нероазурите“ после избегнувањето на елиминацијата која ќе беше сензационална можат да се насочат кон Серија А каде ги очекува дуел со Удинезе.

OhridNews