Екипата на Интер предводена од новиот тренер Антонио Конте силно го посакува белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку во своите редови за сезоната која следува.

„Црвените ѓаволи“ одбија две понуди за услугите на Лукаку, но „нероазурите“ не се откажуваат и испратија нова понуда во висина од 60 милиони евра плус бонуси од кои англискиот премиерлигаш би заработил дополнителни 20 милиони евра.

Манчестер Јунајтед во најскоро време треба да одговори на понудата од Интер и да ги реши дилемите со Лукаку. Белгиецот кој е дел од експедицијата на Манчестер Јунајтев во Австралија првично не тренираше и не беше дел од првиот контролен натпревар.

Лукаку на Олд Трафорд се пресели од Евертон.

OhridNews