Фудбалерите на Милан и Интер ги поделија бодовите во градската пресметката на Сан Сиро ремизирајќи 2-2 во 217-то дерби.


„Нероазурите“ од сигурен пораз ги спаси хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ кој погодок за 2-2 го постигна во втората минута од судиското продолжение.


Претходно, Жесус Хоакин-Сусо два пати носеше водство за „росонерите“, а измеѓу неговите голови за Интер погоди Антонио Кандрева. 

Милан, со примениот погодок во финишот пропушти одлична шанса да се искачи на втората позиција додека Интер со освоениот бод се проби на 9-та место на табелата. 

OhridNews