Стефано Пиоли е назначен за нов тренер на Интер, а неговиот прв меч како шеф на струката кај нероазурите ќе му биде Миланското дерби. Интер ја искористи паузата во шампионатите поради Мундијалските квалификации да го промовира Пиоли кој ќе има десетина дена да проба да го разбуди Интер од летаргијата.
Интер пред самиот почеток на сезоната се раздели со Роберто Манчини, а по само 84 дена го отпушти Франк Де Бур. По 13 одиграни кола “нероазурите “ со 17 бода се наоѓаат во средината на табелата во Италија.
Судбината си поигра со Пиоли, тој на 31 август 2014 година дебитраше на Сан Сиро тогаш како тренер на Лацио и беше поразен од тимот на Инзаги со 3-1, но на крајот од сезоната успеа со Лацио да стигне до квалификациите во Лигата на Шампиони.
ohridnews