Екипата на Интер на пет мечеви ја продолжи победничката серија во „Калчо лигата“, откако на домашен терен со пресврт го совлада Киево (3-1).


„Летечките магариња“ со голот на Серџи Пелисиер во 34-та минута поведоа со 1-0. Водството го чуваа до 69-та минута кога Мауро Икарди погоди за егал. Во последните минути од средбата Иван Перишиќ го комплетираше пресвртот, а победата ја осигура Едер.


Претходно, во премиерниот меч од 20-та рунда Болоња го освои целиот плен на гостувањето кај Кротоне победувајќи со минимални 1-0.

OhridNews