Фудбалерите на Интер забелажаа нова победа во „Калчо лигата“ совладувајќи го на Олимпико Лацио со 2-1 во дербито од 35-та рунда.
„Нероазурите“ со судни маки најдоа начин да го победат Лацио, кој поголем дел од мечот играше со десет, а потоа и девет фудбалери.
Стрелец на двата погодоци за Интер беше екс играчот на Лацио, Хернанес додека за домаќините погоди Кандрева.
Резултати : Киево – Верона 2-2, Чезена – Сасуоло 2-3, Палермо – Атланта 2-3, Удинезе – Фиорентина 1-4, Емполи – Фиорентина 2-3, Парма – Наполи 2-2, Лацио – Интер 1-2.
Табела : Јувентус 80, Рома 65, Лацио 64, Наполи 60, Фиорентина 55, Сампдорија 54, Интер 52…
Мх.П.