Екипата на Интер ја продолжи победничката серија во „Калчо лигата“ победувајќи со 2-1 на гостувањето во Каљари.
Стрелци на головите во третиот триумф во низа за „нероазурите“ беа Матео Ковачиќ и Маура Икарди. Домаќините ја затресија мрежата со помош на Карицо, кој си постигна автогол.
На победа се израдува и тимот на Наполи откако на домашен терен го совладаа тимот на Сасуоло со 2-0 и се доближија на три бодови до второпласираната Рома.
Мх.П.