Фудбалерите на Интер полека го губат чекорот со водечките во Серија А, откако петти натпревар во низа незнаат за победа во италијанската лига. Овој пат „нероазурите“ ремизираа (1-1) на гостувањето кај Фиорентина.

На Артемио Франки победата и трите бодови му избегна за влакно на Интер. Синот на Диего Симеоне кој некогаш го носеше дресот на Интер во судиското продолжение постигна погодок и донесе реми за својот тим. За водство на „нероазурите“ погоди Мауро Икарди, но погодок на крајот се покажа доволен за реми.

Првата рунда во Новата година ја најавија екипите на Киево и Удинезе кои ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1.

OhridNews