Италијанскиот калчолигаш Интер сезиорзно „загриза“ за фудбалерот на Манчестер Сити, Јаја Туре понудувајќи високи 43 милиони евра.
Сегашниот тренер на Интер, Роберто Манчини токму на Јаја Туре ја градеше шампионската екипа во Манчестер Сити, затоа овој трансфер не е изненадување.
– Кој тренер не би посакал да има играч како него во екипата. Јаја Туре во Интер ќе ни го донесе она што вистина ни недостасува. – кратко прокоментира Манчини.
Актуелниот договор на Јаја Туре со англискиот првак е до 2017 година и се уште немаат седнато на маса за продолжување на договорот.
Мх.П.