Лигата на Европа е најквалитетна во последните неколку изданија откако во ждребката се најдоа англиските премиерлигаши Ливерпул и Манчестер Јунајтед и бундеслигашот Борусија Дортмунд.


„Црвените“ за противник го добија тимот на Аугзбург кој го елиминираше Партизан во групната фаза. Јунајтед ќе се сретне со данскиот Митјиланда додека Борусија Дортмунд силите ќе ги одмери со португалскиот првак Порто.

За одбележување се мечевите меѓу Фиорентина – Тотенхем, Галатасарај – Лацио, Виљареал – Наполи и Спортинг – Баер Леверкузен.

Првите натпревари се играат на 18 февруари, а реванш мечевите седум дена подоцна. Финалето сезонава се игра на „Сент Јакоб“ во Базел.

Двојки :

Валенсија – Рапид Виена

Фиорентина – Тотенхем

Борусија Дортмунд – Порто

Фенербахче – Локомотив Москва

Андерлехт – Олимпијакос

Митјиланд – Манчестер Јунајтед

Аугзбург – Ливерпул

Спарта Прага – Краснодар

Галатасарај – Лацио

Сион – Брага

Шахјтор – Шалке

Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао

Севиља – Молде

Спортинг – Баер Леверкузен

Виљареал – Наполи

Сент Етјен – Базел

Ohridnews