Членови на мото клубот Мото Охрид, моторџии од регионот, пријатели, утрово во центарот на Охрид тргнаа на интернационална мото тура со која му оддаваат почит на прерано починатиот колега Крсте Вељаноски-Вељан, кој трагично го загуби животот пред пет години во сообраќајна несреќа во близина на Охрид.

Крсте беше голем љубител на моторите и адреналинот и на овој начин сакаме да изразиме почит кон него, истакнаа учесниците на мото настанот.

Тие утрово го посетија вечното почивалиште на Крсте Вељан од каде се упатија за Корча, Република Албанија, по што подоцна се враќаат во Охрид.

OhridNews