Водена со ентузијазмот и повеќе деценоската посветеност на основачот, ликовниот уметник и педагог, Ѓорѓи Целески, Интернационална ликовна колонија „Дебрца”, најстара во земјата и со најбогат фонд ликовни дела, стаса до својот голем јубилеј – 40 години постоење и успешна дејност.

Годинешното издание, започнува во сабота, 28 јуни, а свеченото отворање е закажано за 20 часот, во Галеријата на Колонијата, во селото Белчишта, седиштето на руралната општина Дебрца,.

Годинава, организаторот – Здружението „Ликовна колонија – Дебрца” покани 12 афирмирани учесници, од земјата и светот, мегу кои и академскиот ликовен уметник Јордан Манасиjески, редовен учесникна Колонијата, кој, овој месец одбележа 55 години ликовно создавање, како и присуство на светската ликовна мапа со изложби во најпознатите ликовни метрополи.

Покрај Манасиjески учество ќе земат и Драган Најденовски од Битола, Славица Танеска од Охрид, Андреј Антевски од Куманово, српските уметтници: Мирослав Крунич и Иван Коцич, потоа Никола Ненезиќ од Црна Гора, Красимира Друмева од Бугарија, Павлина Боботанова и Ѓулај Ѓуксел од Турција, Анастас Констандини – Тасо од Албаниоја и канадскиот ликовен уметник Мајкл Клос.

Галеријата на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца” ја красат над 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија, меѓу кои и академик Димче Коцо, како и десетици познати ликовни дејци од светот.

OhridNews