29-та интернационална уметничка колонија “Дебрца” 2013, вечерва свечено ќе биде отворена со изложба во с.Белчишта.

На колонијата автори од повеќе земји ќе ги овековечат убавините на Општина Дебрца преку уметнички приказ.

Од самото основање па до денес, во рамки на колонијата гостувале повеќе од 200 уметници од целиот свет, како и ликовни уметници од Македонија.

Местоположбата и убавините на селото Белчишта сместено во подножјето на Славеј Планина се инспирација за  создавањето на прекрасни дела кои остануваат во сопственост на колонијата. До сега насликани се над 500 уметнички дела кои се наоѓаат во збирката на колонијата, а низ годините, организирани се повеќе  од 200 ликовни изложби низ повеќе градови во републикава. Преку организирањето на изложбите низ градовите делата стануваат достапни за пошироката јавност која сака да се запознае со она што се творело во рамките на најстарата ликовна колонија кај нас.

OhridNews